Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНАСТАС ВАНГЕЛИ: Сите зборуваат за падот на Груевски, а никој не кажува што потоа?

АНАСТАС ВАНГЕЛИ: Сите зборуваат за падот на Груевски, а никој не кажува што потоа?

Дали можеби целта на аболицијата беше провоцирање и предвремено излевање/празнење на револтот пред летото? Дали идејата беше по секоја цена да се саботира надежта за фер и демократски избори во догледна иднина? Она што ми се чини е најголемиот „успех“ на диверзијата со аболициите е што речиси никој веќе не говори за тоа каква Македонија ќе се гради по падот на Груевски, а во револуционерни времиња тоа треба да биде централното прашање, кое ги диктира сојузништвата, стратегијата и тактикатa, вели за Фактор Дoктoрaнд нa Висoкaтa Шкoлa зa Oпштествени Истрaжувaњa при Пoлскaтa Акaдемијa нa Нaуките вo Вaршaвa Анастас Вангели.

Вангели  има  магистрирано на Програмата за изучување на национализмот на Централноевропскиот Универзитет во Будимпешта (2009) и на Програмата за изучување на современа Кина со фокус на кинеската домашна и надворешна политика на Кинескиот народен универзитет во Пекинг (2013 ).

ЗА  ПОЛИТИЧАРИТЕ ОДГОВОРНОСТА Е МИСЛОВНА ИМЕНКА

Треба и политичка и морална одговорност, но кој да ја сноси? Одговорност доброволно можат да сносат само чесни луѓе со образ и полна свест за своите постапки, а македонската владејачка класа тоа не е. Треба за момент да ги тргнеме на страна моралните категории, и да се фокусираме на прашањето на односите на моќ во општеството. Впрочем, ниту една револуција не очекува елитата сама да си поднесе одговорност, туку ја обезможува и праќа в затвор.

АБОЛИЦИЈАТА ГИ ИЗВАДИ ГРАЃАНИТЕ НА УЛИЦА

Целата шарада со аболициите и сите поврзани далавери (изборите на 5ти јуни, преговорите, натегањата и слично) навистина личат на диверзантска стратегија со цел да се одвлече вниманието и да се купи време до есен. Во моментов, пописот на штетата е следниот: пред-Пржинска влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Здравко Савески и Владимир Куновски во притвор и хајка против новоформираната Левица, неколкумина осудени на условни казни, десетици се предмет на прогонот. Од друга страна можеме да претпоставуваме дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е паднат, но освен ако нема вистинска револуција која вистински ќе ги симне од власт, тие ќе владеат најмалку се’ до наредните избори, кога и да се. Притоа, точно е дека токму одлуката за аболициите го врати народот на улица, но од друга страна тешко е да се спори дека тоа не било очекувано и вметнато во калкулациите.

ПОЛИТИЧКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПРЕД ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Но кој да ја знае логиката на македонските политичари - тие преговараат зад затворени врати каде што освен политичкиот интерес во залог им се и сопствените богатства и можност да одат во затвор, цело време имаат доверлива комуникација со домашни и странски „институции “ и пристап до информации кои се непознати за јавноста, а деновиве чувме како некогаш ги процесираат тие податоци - не со помош на стручни лица, туку со помош на гатање и хороскоп! Кој да знае кој е пазарот?

СЕ ЗБОРУВА  ЗА ПАДОТ  НА  ГРУЕВСКИ, А НИКОЈ  НЕ КАЖУВА КАКО ПО НЕГОВОТО ЗАМИНУВАЊЕ

Дали можеби целта на аболицијата беше провоцирање и предвремено излевање/празнење на револтот пред летото? Дали идејата беше по секоја цена да се саботира надежта за фер и демократски избори во догледна иднина? Она што ми се чини е најголемиот „успех“ на диверзијата со аболициите е што речиси никој веќе не говори за тоа каква Македонија ќе се гради по падот на Груевски, а во револуционерни времиња тоа треба да биде централното прашање, кое ги диктира сојузништвата, стратегијата и тактиката.

Горазд Чомовски

Слично

Поврзани вести