Анализите од Хамбург ќе покажат – има ли ебола во Македонија?
Здравствените власти денеска попладне ги очекуваат анализите од референтната лабораторија во Хамбург, Германија, кои треба да покажат дали британскиот државјанин кој пред два дена почина во Скопје бил заразен со ебола.
Примероците од починатиот беа испратени на анализа веднаш по неговата смрт, а додека не пристигнат резултатите неговото тело се чува во специјален изолиран ковчег и нема да се врши обдукција.
До официјалната потврда за причините на смртта во карантин остануваат гостите во хотелот каде што престојуваше британскиот бизнисмен Колин Џефри, како и медицинскиот персонал кој го третирал на Инфективната клиника.
Македонските власти вчера објавија дека дополнителните анализи покажале оти веројатноста тој да бил заразен со ебола е мала, но сепак ќе се чекаат официјалните резултати од анализата.
Информацијата за можен случај на ебола во Македонија ја следат речиси сите поголеми светски медиуми, особено британските кои испратија свои екипи во Скопје додека да се утврди причината за смртта на британскиот државјанин.
http://www.youtube.com/watch?v=6akQg5MxxcY
Слично
