АНАЛИЗА: Посетата на ХАН како тест за „албанскиот рецепт“ во ЕУ агендата!
Во сегашната рововоска и атмосфера - пуч и бомба – очигледно се тестираше “албанскиот рецепт“ и во македонската политичка кујна. Можно е европратеници да ја преземат улогата на медијатори во дијалогот власт-опозиција.
пишува Горазд Чомовски
Во својата билц-криг посета на Скопје Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан средбите ги започна рано наутро во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Со лидерот на ДУИ Али Ахмети, владиниот коалициски партнер оствари дијалог во македонското седиштето на европската канцеларија, но гостин му беше на лидерот на СДСМ Зоран Заев на Бихачка. Иако ова беше негова прва посета на Македонија, по стапувањето на функцијата Еврокомесар за добрососедска политика и проширување, со Премиерот Груевски разговараше надвор од Владата.
Високиот европски дипломат Јоханес Хан не влезе во новата барокна Влада. Во улога на домаќин, гостинот од Брисел побара разговорите со Груевски да се одвиваат во резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав. Премиерот куса изјавададе сам пред вратата на резиденцијата.
Фактор го праша гласноговорник Александар Георгиев зошто средбата со Еврокомесарот Јоханес Хан не се одржа во Владата?
„Затоа што Еврокомесарот Хан го покани Премиерот на работен ручек и г-дин Груевски со задоволство ја прифати поканата. Не е првпат претседателот на Владата да оди на средба во резиденцијата на ЕУ амбасадорот и секогашсо задоволство присуствува на тие настани“.
Во досегашна пракса високите европски преставници Кетрин Ештон, Херман Ван Ромпуј, Жозе Мануел Баросо контактите со Премиерот ги остваруваа во Влада а настапите им беа на зааеднички прес конференции. Претходникот на Хан, Штефан Филе на последните две средби, кога се водеше Дијалогот на високо ново со македонската Владата, се одржуваа на Илинденска бр 2.
Посетата на Комесарот за добрососедска политика и проширување доаѓа во време на жестока политичка криза. Гостинот од Брисел неодамна беше во посета на регионот,но тогаш го заобиоколи Скопјеиако Македонија е со најдолг стаж на земја кандидат зачленство во ЕУ.
Може да се претпостави дека Хан, наследувајќи го Штефан Филе, би требало да ја превземе неговата улога на политичкото менторство на Брисел во остваруавњето на Дијалогот на високо ново започнато сомакедононската Влада.
Јоханес Хан и припаѓа на Австриската народна партија во чии редови е и шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц кој, кон крајот на минатиот месец беше во Скопје, порачувајќи дека е потребно СДСМ да се врати во парламентотот но во истовреме изрази загриженост за состојбите со владеењето на право и слободата на изразување.
Очигледно е дека приоритет на Брисел станува решавањете на внатрешната политичката криза и моделите за воспоставуавње на дијалот власт– опозиција, како и рехабилитација на институциите, пред се Парламентот.
Во дипломатскиот протокол одржувањеето на неформални средби на носители на политички и извршни функции може да испраќа и специфична порака. Комисијата на ЕУ, на индиректен начин,како да започнува да ги оспорува легитимитетот на моќта и влијанието на Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ. Дали во протоколарно-политичката агенда за 12- часовниот престој на Хан во Македонија беше оргназизирана и осмислена за да се девалвира позицицијата на Никола Груевски допрва ќе се види?
Во досегашна пракса во кризите на недоверба и партиски бојкоти и поранешниот амбасадор на ЕУ Ерван Фуере го органзираше лидерскиот работен ручек во својата резиденција во населбата Црниче. Во декември 2009 година тогашниот Евроамбасадор Ерван Фуере се обиде да го амортизира и политичкиот гнев на домашните политичари откако Македонија тогаш не доби датум за почеток на преговори со ЕУ.
Сепак клучните пораки Јоханес Хан ги остави за македонските политичките елити - кога и како лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе ја врати својата пратеничка група СДСМ во Парламентот? Какви одстапки и концесии би следувале од Премиерот Груевски, пред се на владата на Македонија, нејзиниот лидерски тандем Груевски-Ахмети кои ја имаат целокупната извршна власта во свои раце? Во сегашната рововоска и атмосфера - пуч и бомба – очегледно се тестираше “албанскиот рецепт“ и во македонската политичка кујна. Можно е европратеници да ја преземат улогата на медијатрои во дијалогот власт-опозиција.
Без оглед на резервираноста на Хан за медиумските неслободи во Македонија, што е главна партиска поента на СДСМ, Еврокомесарот кон големата афера прислушување и политичката криза и пријде и со сериозни проценки за можното одалечување на Македонија од европската агенда. Неговата резервираност за контакти со македонските новинари и одсутвото на нивно брифирање во Скопје, наспроти односот во контактите со медиумите во Брисел, како да ја девалвира и (не)професионално-партиската поделеност и навиваштво кај главните мејн-стрим новинари во државава. И во неговиот недипломатски гест со скудната и празна изјавата во од, кога по него трчаа новинарите и камерманите, како да се крие пораката дека нема доверба во овдешното новинарство, за кое од Брисел ни испрати порака дека има допирни точки со праксата и меѓу членките на Унијата.
Австрискиот дипломат со европски пасош, наместо со предизвик, во Скопје како да допатува само да слуша, што можеби е нова пракса, наспроти досегашните медијации на европолитичарите кои носеа готови и резолутни решенија!?

Слично