Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анализа на плаќања за 28 земји

Анализа на плаќања за 28 земји

CRIBIS D & B, партнер на Dun & Bradstreet за Италија направи анализа на плаќања за 28 земји за периодот од 2008 – 2014 година. Во анализата се вклучени платени сметки за повеќе од 27 милиони компании со повеќе од 5 милијарди исплати. Анализата на плаќања за 2014 година и оваа година покажа значителни разлики во дисциплината на плаќања меѓу анализираните европски земји.

Во Европа, во 2014 година обврските во договореното време во просек успеаа да ги подмират 37.6% од компаниите, што значи намалување од 0.4 процентни поени во однос на претходната година, додека во истата година 3,8% од компаниите, во просек, ги исполнуваа своите обврски со задоцнување од повеќе од 90 дена.

И оваа година, со најдобра дисциплина на плаќања остануваат компаниите од Данска, следени од компаниите од Германија и Унгарија како најдобри плаќачи. Компаниите од Данска остануваат на челна позиција како најдобри плаќачи меѓу европски земји, а во споредба со компаниите од другите земји, во просек 90,3% од данските компании успеваат да ги платат своите обврски на време, проследени од Германија со 74,8%, додека во Унгарија, 52,3% од компаниите ги исполни своите обврски на време.Турција, Холандија, Шпанија, Полска, Словенија, Белгија, Чешка, Франција и Италија забележале финансиска дисциплина над европскиот просек.

Од друга страна, најголема недисциплина на плаќања меѓу компаниите и оваа година беше забележана во Грција и Португалија. Дури 12% од грчките компании своите обврски ги подмируваат во просек со 120 дена закаснување.

Во споредба со 2013 година, најголемо подобрување на финансиската дисчиплина е забележано во Полска и Чешка, каде просекот на плаќања е подобрен за 12,7% односно 7,2%. Значително подобрување е забележано и во Франција, каде во просек компаниите за 6% ја подобриле својата дисциплина на плаќања. Во период од 2008 до 2014 година германските компании покажа најголем подобрување на нивната дисциплина на плаќања, од 54,4% во 2008. до 74,8% во 2014 година, следи Холландија со подобрување од 12,1% и Белгија со подобрување од 6% за истиот период.

Во овогодишната студија беа опфатени и анализирани уште десет не-евроски земји. Анализата за 2014 година покажува дека во Тајван, дури 75,8% од компаниите ги подмируваат своите обврски на време, додека во Мексико 6,6% од сите фирми. Ситуацијата во Северна Америка не е променета од последната година. Во САД стапката на редни плаќачи е 54,2%, додека во Канада е 44,3%. Најслабо рангирани се Кина и Хонг Конг, каде во просек околу 30% од сите компании се редни плаќачи.

Исто така, важно е да се нагласи дека Кина и САД имаат висок процент на неплаќачи кои своите обврски ви подмируваат со каснење од покеќе од 90 дена. Во Кина такви компании се 5,7% од вкупниот број на компании, додека во САД 3,9% од сите компании.

Во Европа, во 2014 година, дејностите кои забележаа најдобра дисциплина на плаќања се земјоделството, шумарството, ловот, риболов и градежништвото, каде што повеќе од 47% од компаниите плаќат навремено. Рударската индустрија, со само 12,7% од компаниите кои плаќаат на време претставува најлошата дејност. Од друга страна, 57,7% од транспортните компании и 55,9% од компаниите во производствената индустрија своите обврски ги подмируваат со помалку од 30 дена задоцнување.

Слично

Поврзани вести