Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНАЛИЗА: На државата и тргна добро со ДДВ годинава, можни ли се промени во стапките

АНАЛИЗА: На државата и тргна добро со ДДВ годинава, можни ли се промени во стапките

Безмалку 213 милиони денари наплатила државата од Данокот на додадена вредност (ДДВ) во првиот квартал годинава и сумата е поголема од истиот период мината година за над 11 проценти. Во првите три месеци во 2020 година по овој основ во буџетот се собрале 191 милион евра. Овој данок е давачката која од сите даночни приходи има најголем удел за државната каса. Во текот на претходните две години тивко се споменуваше дека подобра опција за да се зголемат приливите во буџетот е да се зголеми стапката на ДДВ која во моментов за повеќето прозводи и услуги е 18 проценти, но таа идеја не ја прифаќаат политичарите затоа што се смета за доста непопуларна. Сега дури има размислувања за намалување на стапката заради амортизирање на ударот од идното поскапување на струјата. Фактор веќе пишуваше дека Владата почнала со анализи и пресметки за тоа колку ќе ја чини ако се откаже од дел од овој данок за посакапувањето да не се почувствува на сметките, додека вчера и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека ако не интервенрира власта, тие ќе предложат намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 отсто за потрошената електрична енергија.

Инаку во минатата, панедмиска година, даночните приходи по сите даночни основи беа помали од годината претходно. Државата успеа да собере за речиси 8 проценти помалку пари од ДДВ па за цела година по овој основ во буџетот инкасираше нешто над 762 милиони евра. Во 2019 година, нето платениот ДДВ во буџетот изнесува 846 милиони евра. Во 2020 година имаше помали приходи и од даноците на личен доход и од данокот на добивка од кој се собраа за дури дест отсто помалку во однос на претходната 2019 година.

Во последниот период нараснуваат очекувањата но и тивките најави дека е можно државата повторно да воведе прогресивно одначување кај персоналецот. Стопанството и дел од експертите сметаат дека тоа би било погрешно во пост ковид периодот, но и во услови кога сивата економија опфаќа над 30 отсто од економијата, а наместо да се намалува сега се зголемува.

Дали ќе има интеревенции во стапките на ДДВ за струјата се очекува да се знае по соопштувањето на конечниот процент на зголемување на испорачаната енергија до домовите.

А.Т.

Слично

Поврзани вести