Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНАЛИЗА НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНА, ПИЈАЛАЦИ И АПАРТМАНИ: Кој е најевтин- Хрватска, Грција или Црна Гора

АНАЛИЗА НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНА, ПИЈАЛАЦИ И АПАРТМАНИ: Кој е најевтин- Хрватска, Грција или Црна Гора

Сезоната на летување е отворена. Прашањата кои најчесто си ги поставуваат граѓаните пред да тргнат на пат кон својата одмор дестинација се што да се земе на патот, но  дилемата е и колку пари се потребни за џепарлак. Колку пари ќе потрошите за храна во Грција, Црна Гора или Хрватска?

Црна Гора

Низ туристичките центри во Црна Гора цените на пазарите се останати на исто ниво како минатата година. За леб е потребно да се одвои 0,57 евра, за литар млеко 0,77 евра, а за 12 јајца 1,42 евра. За килограм јаболка, ќе платите околу 0,83 евра, додека цената на најскапите банани е околу 1,07 евра. Цената на 1,5 литри вода е 0,57 евра. Според Јавното претпријатие за управување со крајбрежната зона на Црна Гора, цената на лежалките годинава останала иста како лани, од пет до 15 евра, пренесуваат медиумите од регионот.

Брзата храна бара од еден до пет евра во зависност од одморалиштето, додека кафето е помеѓу 0,80 и 1,80 евра. Цените во рестораните, исто така, останале слични на минатата година, и потребно е да се потрошат меѓу четири и 40 евра по лице во зависност од одморалиштето и видот на нарачаната храна. За такси ви треба помеѓу 0,80 центи и две евра за почеток. Исто така е специфично да се напомене дека во Црна Гора таксистите не се согласуваат за возење чија цена ќе биде помала од 1,60 евра.

Грција

Цените на храната во Грција не се разликуваат премногу од претходните години и нема драстично зголемување на цените. Во просек, на четиричлено семејство му се потребни 370 евра.

Кога станува збор за такси-возила, во Грција, е потребно да се одвои од 1,25 евра (за поголеми растојанија) до четири евра (за најкраткиот пат).

Според туристичките водичи, цените се зголемиле најмногу во Халкидики, особено во Халкидики Ситонија од 10 и 15 проценти, а на Тасос и на други дестинации кои се привлечни за макеоднските туристи, олимписката ревиера, Лефкада и Јонското крајбрежје цените пораснале за околу пет до 10 проценти.

Хрватска

Според резултатите од истражувањето, најголем дел од парите на туристите во Хрватска ќе се потрошат за храна. Цената на еден литар млеко е околу 0,9 евра, а лебот 0,89 евра. Потребно е околу 1,98 евра за купување на јајца.  Цената на зеленчукот е од 0,50 евра, за една зелка, до 1,3 евра за килограм домати.

Цените на брзата храна во хрватските киосци се од 0,80 центи до бисквити до три евра за  пици или хамбургери. Оброкот во ресторанот ќе чини најмалку 10 евра, а побогатиот ручек ќе биде 100 евра.

За закуски на плажа, потребни се 2,5 до 3 евра за палачинки и 1,5 евра за крофни. Сладолед топка е 1 евро, додека полулитарскиот сок е два евра. Чај или еспресо ќе го платат туристите едно евро.

На поголемиот дел од плажите лежалките се изнајмуваат за околу 3,5 евра, а чадори за сонце за три  евра, но цената на изнајмнување за лежалки и чадор може да се искачи ди до 7 евра во зависност од локацијата.

Доколку користите такси за подолга релација во некоај од хрватските летни дестинации стартно Ви се потребни едно евро,а за пократка релација неопходно е да се алоцираат два евра.


Слично

Поврзани вести