АНАЛИЗА: Младите жени на удар на нов закон – ќе има ли дискриминација?
Полова дискриминација, трошок за компаниите, селективност при вработување – проектот што го најави директорката на Фондот за здравствено осигурување, според кој фирмите се тие што ќе ги исплаќаат надоместоците за породилно отсуство и боледувања предизвика сериозни реакции во јавноста. Дел од бизнисмените коментираат дека ова законско решение може да биде проблематично од повеќе аспекти а експертите за човекови права предупредуваат дека овој модел може да биде вовед во нова дискриминација за младите лица од женски пол, објави порталот Порталб во својата анализа.
Мажите со подобар статус во фирмите, жените на листа “неактивни“ ...
Фирмите сами, во пакет со платата ќе ги исплаќаат надоместоците и платите за породилно отсуство и боледување, а потоа државата ќе го компензира трошокот. Ова решение што го најави директорката на Фондот за здравствено осгирување, првично тербаше да стапи на сила по нова година. Имено, овие надоместоци што сега се исплаќаат пред државните фондови, треба да паднат на товар на фирмите.
Се работи за мерка која е дел од партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ и која, според креторот треба да обезбеди навремена исплата на вработени по овој основ.
“Се работи за словенечкиот модел, фирмите ќе ги исплаќаат боледувањата и породилните надоместоци на ист ден со платите, додека ФЗО ќе го компензира трошокот на работодавачот. Проектот ќе се одвива на следниот начин, фирмата му го исплаќа надоместокот на вработениот, а Фондот на фирмата. Со овој проект ќе се обезбеди континуитет во приливот на средства на граѓаните во услови кога им се најпотребни во ист датум како и платата на нивните колеги“, изјави неодамна директорката на Фонодот за пензиско осигурување Маја Парнарџиева Змејкова.
Што ќе значи овој модел за работодавачите и за вработените?
Со самиот факт дека фирмите ќе треба веднаш да ги исплаќаат овие надоместоци, тоа значи дека приватниот сектор е тој што ќе ја подржува Владата за да добие на време – вели за “Порталб“ Арбен Халили од Стопанската комора на Македонија.
“Државата добива во време, односно прави некаматно кредитирање, бидејки тој трошок го фактурира сега кај компаниите. Компаниите добиват зголемување на трошоците во одреден период. Замислете мала компанија со 10-15 вработени. Ако се случи хипотетички четири жени во еден период да одат на породилно, тоа значи тека на компанијата и се зголемуват овие трошоци до 40% во период од 9 месеци. Која е таа компанија која ке може да го сноси тој товар. Дополнително, неизвесно ќе биде кога фирмата ќе може да си ги врати средствата од Фондот. Периодот од денот на дуплирање на овие трошоци до моментот на наплата на овие средства од фондот, за многу компании кои се мали може да биде кобен“, вели Халили.
Според универзитетскиот професор Мирјана Нјачевска, ваквото решение ќе биде проблематично за младите жени.
“Ова решение сметам дека ќе влијае да се зголеми нееднаквиот третман и пристап на работодавачот кон жените. Ако една фирма знае дека ќе се изложи на екстра – трошоци во даден момент, тоа ќе значи и усложнување на состојбата поради што ќе се бара начин тоа да се избегне“, оценува професорката Најчевска за “Порталб“ и додава:
“Ваквото решение сметам ќе придонесе да се зголеми неконкурентноста на жените на пазарот на труд и затоа велам дека тоа може да биде фактичка основа за дискриминација. Работодавачите ќе бидат поттикнати да бараат и вработуваат мажи и по цена можеби на поквалификувана женска работна сила. Наместо да си создаваат потешкотии и компликации, а и да бидат во неизвесност на кој начин ќе си ги вратат парите, работодавачите ќе се одлучат за поедноставната варијанта, да вработуваат мажи. Сето ова ќе ги зголеми и така постоечките економски и социјални разлики меѓу мажите и жените“, вели професорката.
Според официјалните податоци од Заводот за статистика, и сегашните бројки укажуваат на драматични разлики во стапката на вработеност на мажи и на жени.
Така, заклучно со вториот квартал од годинава, стапката на вработеност кај мажите изнесувала 52% а кај жените 35%. Еве што покажуваат податоците за бројот на вработени лица според полот:
Вкупен број на вработени 678 467
Мажи 404 297
Жени 274 170
Ова значи дека од вкупниот број вработени скоро 60% се мажи, а 40% се жени. Уште една негативна статистика покажува и мерењето на работниот статус на мажите и на жените. Така, според податоците од едицијата “Мажи и жени“, што ја издаде Заводот за статистика се посочува дека значајно е поголем бројот на мажи од жени кои се “формално“ вработени.
Вработувања, статус 2012 та година :
Формално вработени мажи 301 517
Формално вработени жени 202 741
Кај “неформалните вработувања, оваа разлика е помала, имено во 2012 та година статуст на “неформално“ вработени имале 91 илјади мажи и 55 илади жени.
Според професорката Најчевска, како показател дека сепак има полова дискриминација се и податоците за активното и неактивното население. Имено, според официјалните мерења, во вториот квартал од годинава во земјава имало нешто повеќе од 716 илјади неактивни лица, Од нив повеќе од половина се жени.
Неактивно население – жени 451 393
Неактивно население – мажи 264 703
Она што според експертите алармира е трендот на натамошен раст на неактивното женско население, додека кај неактивното машко население се забележува тренд на намалување.
Од друга страна бизнисмените велат дека решението предвидува компензација на трошокот, но прашуваат дали во одредени рокови и навреме ќе им бидат вратени парите и на кој начин.
Додека активистите и експертите за човекови права аламираат дека новиот модел наместо навремена исплата на надоместоци, ќе ја зголеми опасноста од полова дискриминација, креаторот тврди дека позитивен ефект од решението ќе имаат околу 30 000 граѓани кои користат боледување.
Според официјалните податоците на Фондот за здравство, лани биле исплатени речиси 28 милиони евра за породилно отсуство.
Слично
