АНАЛИЗА: Македонија, критичните економии и земјите кандидати!
Несоборлива невработеност, зголемување на јавниот долг, буџетски дефицит повисок од 3%. Оптимизам најавуваат погнозите за економски раст. Ова се клучните поенти од најновиот есенски Извештај на Европската Комисија посветен на проценките и очекувањата за клучните параметри на регионалните, европските и останатите економии во светот. Споредбената анализа на бројките од извештајот, што ја направи “Фактор“ покажува дека Македонија останува неприкосновен лидер според стапката на невработеност и во однос на земјите – членки на Европската Унија и во однос на оние што имаат кандидатски статус, како нас.
Невработеност: Македонија лидер!
Според есенскиот Извештај на ЕК, невработеноста во земјава годинава ќе изнесува 30%. Намалување на стапката се очекува а во следните две години, така според прогнозите догодина невработеноста ќе се намали на 29% додека во 2015 та стапката ќе изнесува 28,1%. И со оваа тенденција на намалување, Македонија останува земја-лидер според бројот на невработени, подобри од нас не се само кризните економии, туку и оние што имаат кандидатски статус за членство во Европската Унија.
Еве какви стапки на невработеност догодина ќе имаат земјите-кандидати:
- Македонија 29,0%
- Црна Гора 19,5%
- Србија 24,0%
- Турција 9,9%
- Романија 7,1%
- Полска 10,8%
- Словенија 11,6%
- Италија 12,4%
- Словачка 13,7%
- Хрватска 16,7%
- Португалија 17,7%
- Грција 26,0%
- Шпанија 26,4%
- Буџетски дефицит 2014 2015
- Црна Гора -3,6% -2,8%
- Србија -5,3% -4,6%
- Турција -2,1% - 1,9%
- Германија -0,1%
- Австрија -1,9%
- Бугарија -2,0%
- Грција -2,0%
- Италија -2,7%
- Унгарија -3,0%
- Франција -3,8%
- Шпанија -5,9%
- Хрватска -6,5%
Слично
