Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНАЛИЗА: Како најевтино да ја поминете новата грејна сезона?

АНАЛИЗА: Како најевтино да ја поминете новата грејна сезона?
Иако температурите сеуште не попуштаат, календарски полека но сигурно се наближува есента, а со неа доаѓаат и пониските температури. Оттука, во овој период повеќе од потребно е да се размислува, за оние што ова прашање досега не го решиле, како ќе се греат во новата грејна сезона. Ние за нив направивме една анализа,  колку  би чинело греењето на  стан од 60м2, со различни видови на греењe, при моментални цени на енергенсите и пресметано за една грејна сезонa во траење од 6 месеци. За споредување на  еден систем на греење со друг, исто така од исклучително значење е и објектите да бидат со приближно иста изолација и приближно ист квалитет на прозорци и врати. Добро изолираните простории ја зголемуваат искористеноста на топлинската енергија дури за 30%. Ова секако е од големо значење кога на крајот на месецот ќе ни пристигне  сметката за електрична енергија или пак кога правиме калкулации за потрошена струја, потрошени пари и загреан простор. drvaДа започнеме со ред. Енергенс кој најмогу се користи за загревање на нашиве  простори е дрвото. До скоро  за големата негова  застапеност, секако најмногу  влијаеше  цената. Но годинава  работите како да се сменија. Граѓаните од ден на ден се’ потешко успеваат да обезедат дрва , а од ден на ден се зголемува и цената за еден кубик. Информациите велат дека тие секојдневно се менуваат и веќе достигнуваат и до 3.600 денари за кубен метар,без разлика дали станува збор за шумови или дабови дрва.  Инаку  кубик дрва во складиштата на Јавното претпријатие” Македонски шуми “ се продава по 2370 денари за бука и 2450 денари за даб, доколку се најде. Во приватните складишта цената достигнува и до 3300 денари за бука и 3600 денари за даб. На ова ако и се додаде и вредноста за транспорт од 200ден по м3 и доплнително  средства за  сечење , се   доаѓа и до цена од 3600 -3700ден/м3 , па и повеќе. Анализите покажуваат  дека едно  просечно македонско домаќинство годишно користи од три до 10 метри кубни огревно дрво за загревање или најчесто околу седум  метри кубни. Тоа покажува дека за греење со огревно дрво на стан од 60м2, би требало да  се  одвои  од 12 до 20 илјади денари годишно. Доколку, пак, се загреваат повеќе простории или домаќинството има сопствено парно греење на дрва, потрошувачката на огревно дрво  оди и повеќе. 5bb90b879d21c1cfc066180be8dd7936_thumbСтрујата  важи како скап енергенс, но голем дел од луѓето се греат на струја.  Истата  нуди голем комфор, нема чистење на печките, нема ложење, не се потребни посебни простории за складирање на огревниот материјал итн. Потрошувачите на струја можеме слободно да ги класифицираме  во три категории, според  употребата на грејните тела, а аналогно на тоа и месечните трошоци ќе бидат  различни. За загревање на  стан  од 60 м2    со помош на електрични уреди од типот на   греалки, калорифери, панели, електрични  котли на струја и тн. се очекува да се  потрошат околу 4.500-5.000. денари  месечно, а за цела грејна сезона  да се потрошат приближно  околу 30 000 денари. Нешто пониски сметки за струја  би се очекувало ако домаќинствата  за греење на станот би користеле  термо печка. Трошоците за струја на годишно ниво би биле околу  20.000денари, под услов исклучиво да се користи ефтината ноќна тарифа на струја. Секое дополнување на печката во текот на денот, со користење на  дневната тарифа  , значително ги зголемува овие  трошоци . Па така  секое дополнување  во  текот на денот,дури  само за  два часа ,  може да ги зголеми  трошоците за греење и за 40%, односно  на  28 000 денари за една грејна сезона . greenje Рационалното размислување  сѐ повеќе  ги тера граѓаните да одбираат греење со кое ќе  ги намалат своите трошоци, а при тоа да не  го скратат својот комфор и удобност. Таква можност овозможуваат инвертер клима уредите, заради што овој систем на загревање од година во година  се повеќе е застапен. FTXL-JV_ip_winter_tcm135-347154Предност и главна одлика на греењето со клима инвертер е можноста  за потрошен 1kW струја , да се добијат оквирно 2- 4 kw  топлотна енергија.Тоа  не беше случај со сите претходно спомнати уреди за греење на струја, бидејќи тие   произведуваат онолку топлина колку што се троши и струја, односно 1 спрема 1. Инвертер климите работат на  принципот на топлотни пумпи, овозможувајќи  поголема ефикасност, давајќи   повеќе  “ греење”од потрошената струја. Освен тоа ИНВЕРТЕР ТЕХНОЛОГИЈАТА  е направена така што  работата на компресорот се прилагодува на постигнатата температура-како се постигнува бараната вредност, потрошувачката и бројот на обртаи се намалува, при тоа  постигнувајќи се поголема заштеда.Месечните трошоци со вакво решение се очекува  бидат околу 2.000-2.500 денари. Можноста за греење на централно парно греење  имаат само  жителите во Скопје. Но повеќето корисници се едногласни дека овој вид греење полека станува луксуз и покрај минималното пефтинување од 0,19  и 0,86 % направено од 31.07.2015год. Така со последните цени , за затоплување на стан од 60 м2, месечно сметките  би се движеле од 2.200-2.500 денари за граѓаните што се согласиле да плаќаат во текот на целата година  Тоа значи дека за 12 месеци, овие лица за греење плаќаат вкупно  околу 26.000-30.000 денари. Греењето на нафта се уште  е најскапо и за овој енергенс сметавме дека е излишно да правиме пресметки затоа што домаќинствата тоа одамна го разбраа и се помалку го користат овој енергенс како средство за загревање на домовите. Во последен период доста  актуелна е темата околу гасификацијата на нашата држава. Во некои градови веќе поголемите државни објекти (болници, градинки) се имаат приклучено на гасната мрежа. Но во глобала таа приказна уште не го добила својот крај, а како се движат работите ќе почекаме уште малку. Но како и да е, греењето со помош на гас во светот е многу застапено. Пресметано е дека за загревање на еден стан од 60 метри квадратни во местата каде тоа е можно како пр. дел од Куманово и Струмица ќе се потроши околу 1.700-2.000 денари / месечно. Доколку се уште се немате одлучено на што ќе се загревате оваа грејна сезона, се надеваме дека оваа анализа ќе ви помогне во вашиот избор. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести