АНАЛИЗА Без нова реформска Влада – економијата ќе се распарчи!
Без
итно формирање на нова Влада и точно
утврдување на економските проритети -
стопанството ќе колабира, оценуваат
дел од стопанствениците. Од оваа криза
нема да бидат поштедени ниту буџетарите
ниту пенизионерите – велат економистите.
Во пик на политичаки одлучувачки моменти
владата предводена од Вмро Дпмне се
задолжи со нови 50 милиони евра – пари
што ги обезбеди од домашните кредитори.
Загрозени ќе бидат и фирмите и буџетарите ..
Пад на индустриското производство, намалени странски инвестиции за 36 милиони евра – економијата ги испорача првите сигнали на ранливост. Но поради длабочината на политичката криза и блокадата за формирање на нова влада, следуваат уште неизвесни денови, велат бизнисмените. “Сметката“ пред се ќе ја платат граѓаните и фирмите.
“Една од клучните работи зошто е потребна нова Влада, Влада која ќе се занимава со економските прашања е тоа што продолжи трендот на намалување на индустриското производство. Падот е регистриран во третиот месец, односно во март – со тенденција за дуплирање на падот секој следен месец. Ако во јануари сме имале пад од 0,9%, во феруари 1,3% а во март имаме 2,6 отсто пад на индустриското производство. И ако овој тренд продолжи ние би требало да очекуваме во следните месеци намалувањ еод 4 или 5 отсто а токму падот на индустриското производство е еден од индикаторите за влез во фазата на рецесија“ – вели стопанственикот Фатмир Бутиќи од Комората на северозападна Македонија.
Економистите велат дека оваа состојба нема да ги поштеди ниту буџетарите, за кои завршуваат по околу 400 милиони евра, буџетски пари за исплата на плата. И пензиите може да се проблематизираат – а пример за застој во исплатата се земјоделските субвенции – велат економистите. Дел од нив велат дека клучот за економската иднина е во нова, реформаска Влада.
“Само таква реформаска влада може да ги пресретне неповолните настани кои следат и доколку брзо не се формира, повеќе од сигурно е дека кризата ќе се заострува. На праг е хаос во локалната самоуправа доколку во најскоро време не се доконституира Собранието и брзо не се одржат локални избори за градоначалници и советници, за да можат општините да продолжат нормално да функционираат. Земјоделците најавуваат протести доколку итно не им се исплатат субвенциите, а нема, затоа што нема од каде. Економијата се лизга надолу, а не фати залет ниту со вдвојување на јавниот долг. Со многу аргументи се притиска и за брзо ребалансирање на буџетот за да не се дојде во ситуација да не може да се одговори на обврските спрема странство и кон домашните корисници на буџетски средства.
Важноста и потребата од формирање нова Влада за да се делокира економијата ја посочи и заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Ји. Тој рече дека е важно да се основа нова влада, за да може, како што посочи, утре администрацијата да си ја добие платата и да се извршуваат секојдневните обврски.
Во меѓувреме, Владата предводена од Вмро-Дпмне денска стави потпис на ново задолжувањ еод 50 милиони евра. Во март, буџетската каса покажа суфицит од 1,7 милиони евра што според економистите упатува на воздражаност од буџетски трошења. Јавниот долг според поспледните достапни информации изнесува 4,8 милијарди евра.
СДСМ: За јавните трошња – ќе има одговорност
Јавниот долг во првиот квартал од 2017 година во апсолутен износ е зголемен за 28,3 милиони евра, а во најновиот извештај Министерството за финансии лажно сака да прикаже негово намалување пресметано како процент од БДП – велат од СДСМ.
“Иако пред 40 дена, Министерството за финансии јавно се огради од методологијата на пресметка на БДП на Државниот завод за статистика, сега во своите пресметки ја прифаќа, па дури и ја надградува. Миноски во извештајот на Министерството за финансии нелогично пресметал дека Бруто домашниот производ за 2017 ќе изнесува неверојатни 10 милијарди и 300 милиони евра“ – се наведува во соопштението од СДСМ.
Од партијата велат дека се направени сериозни статистички злоупотреби со кои Министерството за финансии во последните 40 дена го зголемува износот на БДП за нереални 890 милиони евра со цел да прикаже фиктивно намалување на јавниот долг како процент од БДП. За тоа, како што се посочува во соопштението, ќе следува одговорност.
Министерство за финансии: нема малверзации, се е според методологија...
Податоците кои ги објавува Министерството за финансии за јавниот долг се егзактни и се пресметуваат врз база на методологија утврдена со Меѓународниот монетарен фонд, порачува Министерството во пишана реакција на денешното соопштение од СДСМ.
“Проекцијата за раст на БДП на која е пресметан јавниот и државниот долг е официјалната проекција од буџетот за 2017 година. Не сфаќаме која проекција би сакале од СДСМ Министерството за финансии да ја земе во пресметка на јавниот и државниот долг, ако не официјалната проекција од буџетот“ - се вели во реакцијата.
Од министерството велат дека владината проекција за раст на БДП за 2017 година е дури пониска од проекцијата на Меѓународниот монетарен фонд.
“Македонија е меѓу земјите со најнизок долг во Европа. Ова неодамна уште еднаш го потврдија челниците на меѓународните финансиски институции на Пролетните средби во Вашингтон. Очигледно дека јавниот долг е предмет на политички ПР, така што презапишувањето на државни хартии од вредност се пласира во јавноста како ново задолжување, се истакнува во реакцијата од Министерството за финасии и се додава дека МФ води одговорна политика во процесот на управување со јавниот долг“ – посочуваат од министерството.
Д.А.