Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНАЛИЗА: А3 е автопат на смртта-местото каде што трагично загинаа десет патници од Косово, беше кобно и за Тоше Проески

АНАЛИЗА: А3 е автопат на смртта-местото каде што трагично загинаа десет патници од Косово, беше кобно и за Тоше Проески

Возачите, но и сообраќајните експерти велат дека автопатот А3 во Хрватска е монотон. Поминува низ рамнината и практично нема кривини и тунели, за разлика од автопатот А1,анализира вечерва, „24 часа“, пренесува српски Блиц.

Сепак, на овој автопат редовно се случуваат сериозни сообраќајни несреќи, од кои последната е во близина на Славонски Брод.

Вчера изутрина во страотна сообраќајна несреќа кај Славонски Брод, животот го загубија дури десет лица, а ова е само една во низата големи несреќи на делницата Новска - Окушани - Славонски Брод на автопатот А3, во должина од 100 километри. Тој дел веќе е наречен „автопат од смртта“, пишува хрватски „24 часа“, пренесува Блиц

Во март годинава, исто така во раните утрински часови, на крстосницата кај Окучани, четири лица загинаа при превртување на камион со српски регистарски ознаки, а сите загинати беа мигранти.

Веројатно најпознатата несреќа што се случи на истиот автопат, недалеку од Нова Градишка, само малку подалеку од хоророт што се случи вчера, во 2007 година, беше онаа во која загина македонскиот пејач Тоше Проески.

Актерката Долорес Ламбаша загина на истиот автопат шест години подоцна. Автомобилот во кој се наоѓала се судрил со друго патничко возило и двете се превртеле.

Извор: Блиц.рс/ФОТО: HINA / TANJUG

Слично

Поврзани вести