AНАЛИЗА НА CNN: Србија е премногу голема и важна, па може истовремено да соработува со Москва и да биде на патот на ЕУ
Претседателот на Србија, Александар Вичиќ во недела објави дека неговата земја договорила нов тригодишен договор за снабдување со гас од Русија. Веста стигна во незгодно време. Вучиќ со тоа зададе нова главоболка за западниот антипутинов сојуз, а посебно за Европската Унија(ЕУ), пишува CNN, пренесува Блиц.
На другата страна на континентот, челниците на земјите од ЕУ беа задлабочени со преговори за шестиот пакет санкции за Москва. Конечниот договор, објавен вечерта во понеделник вклучува делумна забрана за увоз на руската нафта во ЕУ.
Сепак, за да сите ги прифатат санкциите, Брисел беше присилен да направи исклучок за Унгарија, Словачка и Чешка, за нафтата кои се увезува преку нафтовод. Тоа некои земји членки на ЕУ го доживеаја како голема отстапка.
Иако Србија не е членка на ЕУ, таа е дел од планот за проширување, со некои нејзини соседи. ЕУ планира да се прошири на исток, и во гледа Западниот Балкан како клуч на европската сигурност, што е уште понагласено поради руската инвазија на Украина.
Од балканските земји, Србија се смета за клучна поради повеќе причини. Нејзината големина, население и положбата ја прават главен актер во геополитиката во регионот. Ако сакате да зборувате за иднината на БиХ и Косово, на маса ви ја треба и српската Влада.
Србија се ослонува на Москва за гас и воена соработка. Србија има голема корист од Русија, а дури и ако биде членка на ЕУ, таа нема да ги „запали“ мостовите со Кремљ.
Тоа создава две реалности во ЕУ, со кои е тешко да се помират.
Србија е голема и важна за проектот за проширување на ЕУ, со кои се настојува да се зајакнат европските вредности, стабилност и сигурност. Исто така може да склучува договори со Москва, Кина, и ЕУ, и да биде зеница на окото во Брисел. Тоа сепак може да се промени. Србија ги поддржа резолуциите во ОН со кои се осудува руската инвазија на Украина, но не се усогласи за санкции против Русија. Тоа е нешто што се очекува од државите кандидати. Некои аналитичари во ЕУ, сметаат дека новиот договор за руски гас може да биде чекор далеку за некои земји членки.
Филип Ејдус, професор по меѓународна безбедност на Универзитетот во Белград вели дека ако договорот ќе ги уништи надежите за намалување на руското влијание во регионот. Според него, Вучиќ ќе гарантира дека Србија останува на патот на ЕУ, а можеби и ќе чека подобра понуда од германскиот канцелар Олаф Шолц. Смета дека коцкањето би можело да се изјалови, затоа што ЕУ сега има други приоритети. Останува да се види дали преговорите запнуваат или ЕУ има поинаков пристап. Но, договорот за гас е горчлива таблета која во Брисел мораа да ја испијат.
Целиот текст овде.
фото Танјуг/Драган Кујунџиќ
