Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНАЛИТИЧАРОТ НА БЛУМБЕРГ ОЦЕНУВА: Следниот удар на Западот врз Русија ќе биде погубен за целиот свет

АНАЛИТИЧАРОТ НА БЛУМБЕРГ ОЦЕНУВА: Следниот удар на Западот врз Русија ќе биде погубен за целиот свет

Можните санкции за руската рударска индустрија од Лондонската берза за метали (LME) ќе бидат шок за целата светска индустрија, пишува колумнистот на Блумберг, Џек Фарчи, пренесува РИА Новости.

Како што се наведува во написот, одлуките на LME имаат далекусежни импликации врз цените на металите и трговијата низ целата планета.

Русија сочинува околу девет отсто од сите резерви на никел, пет отсто од алуминиум и четири отсто од бакар. Кога Блумберг првпат ги објави плановите на Лондонската берза да воведе санкции врз руската индустрија минатата недела, цените на алуминиумот веднаш скокнаа за 8,5 отсто.

Според авторот, доколку се преземат рестриктивни мерки, тие ќе станат главоболка за компаниите како што е швајцарската Glencore Plc., која има голем повеќегодишен договор со Русал. Фарчи рече дека забраната за снабдување ќе ги исклучи клучните производители од глобалниот пазар. Одлуката се уште не е донесена, но дискусијата за ова прашање започна во четвртокот.

По почетокот на руската специјална операција, западните земји воведоа бројни санкции кон Москва. Се покажа дека прекинот на деловните врски со Русија беше главоболка за САД, Велика Британија и ЕУ - тоа предизвика зголемување на трошоците за живот, висока инфлација и криза со гориво, наведува РИА Новости.

ФОТО: EPA/RAINER JENSEN

Слично

Поврзани вести