Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНАЛИТИЧАРИ ТВРДАТ: Американската економија нема да издржи уште долго!

АНАЛИТИЧАРИ ТВРДАТ: Американската економија нема да издржи уште долго!

Единствено што ги спречува САД да паднат во рецесија е обичниот потрошувач, но американската економија не може уште долго да остане на површина, изјави во своето обраќање кон клиентите аналитичарот Алберт Едвард, пренесе Бизнис Инсајдер.

Според зборовите на аналитичарите, економијата на САД е толку забавена што е близу до пропаст, додека намалувањето на инвестициите во производството и профитот укажува дека рецесијата не е далеку.

Единствено што САД ги држи на површина е нивото на потрошувачка кое сочинува приближно 70 отсто од БДП , пренесе Бизнис инсајдер.

Според прогнозите на Едвардс, САД набрзо би можеле да го избегнат и овој позитивен параметар.

„Единствениот кој не и дава на Америка да падне во рецесија е американскиот потрошувач. Тешко дека може да се каже дека потрошувачката е двигател на економијата. Америка се повеќе личи на дрвена штака која ја глодаат термити и која шкрипи под теретот на економијата. Економското оздравување очигледно се ближи до самиот крај“, смета тој.

Аналитичарот ја споредил моменталната економска состојба во САД со ситуацијата во 2007 година од пред финансиската криза, кога само потрошувачката ја чувала економијата од рецесија. На крајот на краиштата, недостатокот на инфлација во САД наскоро ќе почне да ги троши ресурсите на потрошувачите што само ќе ја влоши состојбата.

Слично

Поврзани вести