Ана Брнабиќ: Тешко ме погоди клетвата од владиката за моето учество на Еуропрајд
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека ја погодиле делови од говорот на банатскиот владика Никанор, кој ја анатемисал неа и сите кои ќе учествуваат на манифестацијата Еуропрајд во Белград.
„Дали нешто од тоа ме погоди, да, се разбира. Секогаш кога некој ќе ти спомене дете, тоа го мислам за секој човек како вжештено стапче во окото. Дали ме погоди кога некој рече за баба ми и дедо ми дека тие беа касапи на српскиот народ, се разбира, тоа ме погоди страшно, човечки“, изјави Брнабиќ за ТВ Хепи.
Таа рече дека Српската православна црква (СПЦ) е еден од главните столбови на српското општество и народ и нагласи дека „никогаш нема да каже ниту еден збор против СПЦ“. Брнабиќ истакна дека во овој момент „тоа сепак не е важно“, нагласувајќи дека „на Србија и треба стабилност, а не кавги“.
На интернет се појави скандалозна јавна проповед на банатскиот владика Никанор, во која ја проколнува премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Владиката повика на вооружена пресметка со ЛГБТ популацијата во Србија, па и премиерката Брнабиќ. Нејзините родители ги нарече касапи и повика на вооружено насилство врз припадниците на ЛГБТ популацијата. Владиката Никанор во својата проповед практично зборуваше за претстојната „Парада на гордоста“ која во септември ќе се одржи во Белград. Дел од своето обраќање и го посвети на премиерката Брнабиќ, која експлицитно не ја именуваше, но сосема е јасно дека на неа мислеше.„Ако го споманм (нејзиното) име, тогаш не
можам да го изустам името на Бога. Таа
дозволи нејзиниот брат да биде татко на
нејзиниот син! Дали ќе го прифатиме тоа, а
знаете за кого зборувам. Ниту е од нашата
вера, ниту има наше потекло, туку потекнува
од непријателот! Нејзините дедовци и
родители биле касапи на српскиот народ! И
таа денес треба да ни проповеда дека нема
татко, нема мајка, нема деца..Чии Дали се
овие деца?“, рече Никанор.
