Ампева му порача на Бектеши да дојде во Источна Македонија да види како се живее со минималец
Kристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“ се побуни за висината на минималната плата.
Таа го покани министерот за економија, Крешник Бектеши да отиде во Источна Македонија да види како луѓето преживуваат со минималец во ова време кога цените вртоглаво растат на прехранбени производи и самите сметки.
„Нека дојде до Источна Македонија, токму тука текстилните работнички се оние кои што заработуваат парче леб за цели фамилии, нека дојде да види како се живее. И нека ми каже дали е во ред да нема никакво покачување на платите“, рече Ампева во Утрински Брифинг“.
Таа потенцира дека со плата од 15.000 денари, не може да издржи едно семејство, посебно затоа што сега имаме високи сметки за струја.
Засега нема покачување на минималецот во земјава.
