Економија, финансии, бизнис

Контакт

АММ нема да учествува на манифестацијата „Архитектура на град Скопје“

АММ нема да учествува на манифестацијата „Архитектура на град Скопје“

Aсоцијацијата на архитекти на Македонија ќе го бојкотира учеството на манифестацијата „Архитектура на град Скопје“. Оваа манифестација ќе се одржи под покровителство на Градот Скопје по повод празникот на градот 13 Ноември.

Од Асоцијацијата велат дека бојктот е поради се она што се случува со архитектурата, урбанизмот, архитектонското творештво и архитектонско наследство, особено во централното градско подрачје каде како што посочуваат Град Скопје е најдиректно инволвиран.

-Поради се она што се случува со архитектурата, урбанизмот, ААМ смета дека е хипокризија да да се учествува на оваа манифестација распишана од институција која ниту почитува, ниту вреднува квалитетно архитектонско творештво. За да биде хипокризијата уште поголема никогаш до сега ниту еден објект од проектот Скопје 2014 не бил учесник на АСК, манифестација организирана од институцја која е една од најголеми подржувачи на “Скопје 2014“. Град Скопје и колегите архитекти вработени таму секогаш се подготвени без поговор да ги спроведат сите потребни акти за архитектонска и урнабистичка интервенција во централното градско подрачје. Поради непочитување на архитектонската професија и елементарните начела на архитектонската наука ААМ ги повикува своите членови да ја бојкотираат манифестацијата. ААМ смета дека Градот Скопје нема ниту стручност да процени, ниту мудрост да препознае, ниту став и храброст да вреднува квалитетно архитектонско творештво, се наведува во соопштението од Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Последниве неколку години, Скопје се преоблече во сосема ново руво-барокно, ана што дел од архитектите бурно реагираа. Со владиниот Проект Скопје 2014 фасадите на општествените и на дел од станбените објекти добија нови фасади во неокласицистички стил. Централното градско подрачје се надополни и со низа споменици. Овој архитектонски стил сеуште трае, а нови барокни фасади ќе добијат и дел од оние објекти изградени од познати реномирани автори, како на пример Градскиот трговски центар.

Повикот за учество во манифестацијата Градот Скопје го објавува во соработка со Музејот на Град.Право на учество имаат сите архитекти, граѓани на Република Македонија со реализирани архитектонски трудови во текот на 2014-2015 година на подрачјето на Градот Скопје.Трудовите треба да се во една од категориите реализиран архитектонски објект, архитектонско – урбанистички проект, градителско наследство, внатрешно уредување и дизајн и други форми на архитектонско творештво.Пријавите треба да се поднесат до 7 септември, во просториите на Град Скопје.За победникот ќе одлучува жири-комисија формирана од Град Скопје која ќе ја додели главната награда која ја сочинуваат плакета, скулптура и паричен износ. Ќе бидат доделени и признанија во форма на плакети за посебен придонес во архитектурата.

Слично

Поврзани вести