Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Амфенол“ најави 1.500 вработувања во Македонија

„Амфенол“ најави 1.500 вработувања во Македонија
Американската корпорација „Амфенол“ ќе гради фабрика во Кочани. Компанијата за производство на автомобилски делови ќе инвестира шест милиони евра во првата фаза и ќе вработи 1.500 лица во првите пет години од функционирањето на фабриката, најави премиерот Никола Груевски. Тој денеска се сретна со потпретседателот на американската корпорација „Амфенол“ и генерален директор на автомобилската групација при корпорацијата Џон Тренор. „Одлуката за инвестирање во Македонија е донесена врз основа на големиот број можности што ги нуди земјава, добрата квалификувана работна сила, поддршката од Агенцијата за странски инвестиции и другите надлежни институции, но најмногу врз основа на поголемата бизнис клима“, нагласи Тренор. Од предвидените 1.500 вработувања, годинава ќе се вработат околу 250 до 350 лица.
Слично

Поврзани вести