Американците се вртат кон рускиот пазар
Американските индустриски компании се свртуваат кон Москва. Во време на слаб економски раст на САД, забавување на кинеската економија и рецесија во многу од европските држави Русија привлекува се поголемо внимание како потенцијален пазар за американските производители, пишуваaт медиумите.
Русија, која во август се приклучи на Светската трговска организација (СТО), претставува само 1% од американската надворешна трговија. Се работи на изградба на инфраструктура во земјата, а средната класа бара се повеќе стоки кои американското производство би можело да и обезбеди. Извозот на САД за Русија се зголеми за речиси 30% во првите осум месеци од годината и се очекува до крајот на оваа година да достигне 10 милијарди долари. Тоа е речиси пет пати повеќе во однос на извозот од пред една деценија.
Откако Москва се приклучи на СТО, голем број на компании ги засилија своите инвестиции во Русија, бидејќи очекуваат добра можност за проширување на пазарите. Секако, американскиот бизнис е свесен и какви пречки може да очекува - корупција, политички интереси и слабо владеење на правото. Затоа мултинационалните компании сеуште остануваат претпазливи. Компанијата Prologis“ на пример, во 2005 година излезе од рускиот пазар токму поради овие пречки и проблеми и засега нема намера да се врати назад во Русија.
Слично
