Американското лудило „Црн Петок“ започнува порано
Американските шопингхоличари годинава ќе имаат можност порано да го започнат шопинг лудилото наречено „Црн Петок“.
Синџирот на маркети за продажба Wallmart најави дека утре ќе ги понуди своите производи со огромни попусти на две недели до Black Friday, како традионален ден на купување на подароци по американскиот празник Денот на благодарноста со што официјално започнува нивната празнична сезона која ќе кулуминира со прославата на Божиќ.
Црн петок во последните години беше одбележан со бројни инциденти, тепачки, па дури и престрелки и бодења со ножеви меѓу купувачите кои се борат за евтините производи ставени на акција.
Слично
