Американските залихи ја „минираат“ цената на нафтата
Нафтата од типот „брент“ повторно е под 30 долари за барел , бидјеќи цените во азиското тргување денес ослабнаа поради растот на тој енергент во САД, продолжувајќи ја агонијата во поглед на презаситеноста на глобалната понуда.
Надежите дека „слободниот пад“ на цената на нафта ќе биде запрен се занишаа откако најновиот извештај од САД, кој покажа дека американските залихи на „црното злато“ се зголемени за уште 200 000 барели во неделата заклучно со 8 јануари, известува франс прес.
Уште позначаен податок во извештајот на Американската управа за енергетика ЕИА дека залохите на бензинот скокнале за 8,2 милиони барели, а залихите на дестилатот за 6,1 милиони барели, што укажува на многу забавена потрошувачка во САД, водечкиот светски потрошуваќќ на нафта.
Америанската „лесна“ нафта WTI за испорака во февруари поскапела за 12 центи, на 30,60 долари за барел, додека сировата нафта од типот „Брент“ за февруарските испораки паднала 41 цент, на 29,90 долари за барел во утринското тргување во Азија.
ЕИА ја намали својата прогноза за глобаната побарувачка за нафта на 95,19 милиони барели дневно во оваа година со 95,22 милиони барели, колку што предвидувала во декември, а истовремено ја подигнала проценката на глобално производство.
Цените на нафтата „нема“ значајно да се опорават во оваа година поради презаситеноста на понудата“, оценува пазџарниот стратег на компнаијата "IG markets" во Сингапур, Бернард Оу.
Пазарот будно ќе ги следи податоците за кинескиот БДП , чија објава се очекува во почетокот на следната недела.
Кина, втората најголема светска економија и водечки потрошувач на нафта, се соочува со слабење на еконосмкиот раст, а од неодамна трпи и превирања на својата берза.
Најавеното враќање на иранската нафта на пазарот, откако Техеран ги исполни условите од нуклеарниот договор кој е постигнат со големите сили, исто така влијае на пазарното расположение. Техеран соопшти дека очекува целосно да ги примени условите од спомнатиот договор до недела, 17 февруари, наведува Франс прес.
