Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американските тајни служби одамна знаеле дека ќе следи крвав распад на Југославија

Американските тајни служби одамна знаеле дека ќе следи крвав распад на Југославија

Уште во 1970-тите ЦИА знаела за распадот на Југославија. 

Карти на американската Централна информативна агенција (ЦИА) на кои e симната ознаката „тајно“, кои се објавени неодамна, покажуваат дека САД добро биле запознаени за распадот.  Во документот се наведува дека Словенија и Хрватска се многу побогати од другите делови на Југославија. Тие ги потенцираат аспирациите на Хрватска за независност.  Уште се вели со Хрватска долги години владееле Виена и Будимпешта и земјата многу веројатно ќе се потпира на помошта токму од овие држави доколку дојде до несакани последици. Американските тајни служби и тогаш го посочувале силниот милитантен национализам во Хрватска и Србија, кој, според нив, влечел корени уште од времето меѓу двете светски војни. Иако претседателот Јосип БрозТито веќе бил во поодмината возраст, тој починал една деценија подоцна откако документот е подготвен. Во воените конфликти при распадот на Југославија, огромен број жртви имаше во БиХ. Оваа земја помина најлошо. По исчезнатите лица до ден денес се трага, а неодамна имаше и апсења на лица кои се осомничени за воени злосторства. 

Слично

Поврзани вести