Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американските бизнисмени против трговска војна со Кина - Трамп нема јасна стратегија

Американските бизнисмени против трговска војна со Кина - Трамп нема јасна стратегија

Американските бизнис асоцијации кои имаат инвестиции во Кина посочуваат дека воопшто не посакуваат трговска војна со Кина која може да ја активира новиот американски претседател со неговите невнимателни изјави дека целосно ќе ги редефинира трговските договори кои наводно според него биле на штета на САД.

Кон крајот на неделата треба да се одржи првата средба меѓу Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг, а веќе се прогнозираат многу тешки разговори за идните економски односи меѓу САД и Кина.

- Двајцата претседатели треба да преземат позитивни акции кои ќе водат кон одржливи односи, а не акции на одмазди кои ќе водат кон трговска војна, изјави Џејкоб Паркер, заменик претседател на Американско-Кинескиот бизнис совет.

Трамп во повеќе наврати во изборната кампања говореше против американските бизнисмени кои ги селат инвестициите во Кина наместо да отвораат работни места во САД. Таквите настојувања на новата американската администрација.

Во САД пак, се незадоволни од тоа што Кина има ограничување на странските инвестиции и развој на странски компании, за субвенциите кои се вложуваат во домашните компании пандан на „западните“ и преплавувањето на американскиот пазар со евтини и ниско квалитетни производи, но сите овие прашања многу тешко ќе се решаваат бидејќи Трамп сеуште не го составил целосно својот тим за водење трговски преговори. 

Исто така постои страв дека Трамп нема јасна стратегија и идеја како да соработува со Кина, туку води само популистичка и неконзистентна политика.

Автор: Христијан Станоевиќ


Слично

Поврзани вести