Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американските банки под будното око на Големиот брат

Американските банки под будното око на Големиот брат
Американските банки и другите финансиски инситуции, откако очекувано се воведе „Волкеровото правило“, повторно ќе се најдат под контрола. Пет контролно-надзорни институции на САД, одговорни за финансискиот систем на земјата, ќе се изјаснат за донесување на закон, со кој на банките и на другите финансиски компании ќе им биде забрането да вршат трговски операции со сопствени средства (proprietary trading), информира Вол стрит журнал. Весникот пишува дека американските банки и другите финансиски институции, повторно ќе се најдат под контрола на Големиот брат, што е важен услов да не се повтори кредитната криза која во САД изби по крахот на хипотекарниот пазар во таа земја во 2008 година. Како што наведува гласникот на американската деловна елита, во усвојувањето на нови, построги правила за работење на банкарските организации, четири регулаторни тела на САД ќе се изјасната на 10. декември, а Комисијата за хартии од вредност и пазар ќе ја донесе сопствената одлука за тоа „приближно во тој рок“. Критичарите на „Волкеровото правило“ кое го предложи некопгашниот претседател на американската централна банка, Пол Вокер, сметаат дека жестоката контрола врз работата на банките ќе го стави целокупниот финансиски сектор на САД во неповолна положба во однос на другите држави и ќе нанесе сериозна штета на водечката светска економија.  
Слично

Поврзани вести