Американскиот плин не може да го замени рускиот гас!
„Тврдењето на американскиот сенатор Кристофер Марфи дека американскиот течен гас би можел на Балканот да го надомести рускиот гас, нема поткрепа во реалноста и неговата цел е утеха за оние кои многу изгубиле со неизградбата на нафтоводот Јужен тек“, велат екесперти.
-Целта на таквата приказна е политика. Тоа не е техника, ниту професија за енергетиците, тоа е политика. Сакаат да ги утешат оние кои многу изгубиле од неизградбата на Јужен тек: еве ќе ни помогнат од Америка, изјавил претседателот на Здружението за гас на Србија Воислав Вулетиќ.
Тој истакнал дека во таквите приказни не треба да се верува, бидејќи тоа е неизводливо пред се затоа што е прескапо.
Вулетиќ објаснува дека, иако се тврди дека гасот добиен од јаглени шкрилци е поефтин, кога се земат предвид сите трошоци на доставување, претварање од гасна во течна состојба и изградба на потребната инфраструктура, кубик на таков гас би бил барем двојно поскап од природниот гас од Русија.
Како што наведува Вулетиќ, за гас од јаглени шкрилци во Америка треба да се направи објект за негово прочистување и доведување во состојба на природен гас како и нафтовод до Атлантикот, каде треба да се направи објект за негово претварање во течен гас.
-Треба тој течен гас да го вметнете во танкери, па танкерите да пловат неколку дена до Европа, па во Европа да направите објект за рагасификација и тогаш од него нови нафтоводи до потрошувачите. Тоа се приказни за оние кои во тоа не се разбираат. За експерти тоа е смешно - рекол Вулетиќ, пишува вести онлајн.
Американскиот сенатор Кристофер Марфи изјавил дека САД би можеле да станат алтернативен снабдувач со течен гас и нафта на Балканот и така да станат независни од Русија и нејзиниот гас.
-Америка се повеќе извезува течен гас и нафта и би можела да стане алтернативен снабдувач на подрачјето на Балканот - рекол Марфи на собирот на германскиот Маршалов фонд, пренесува Гласот на Америка.
