Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американскиот нафтен гигант „Шеврон“ размислува за купување на имоти на „Лукоил“?

Американскиот нафтен гигант „Шеврон“ размислува за купување на имоти на „Лукоил“?

Американскиот нафтен гигант „Шеврон“ размислува за купување на имоти на „Лукоил“.

Американската нафтена и гасна компанија „Шеврон“ истражува опции за стекнување на меѓународните средства на „Лукоил“, изјавија за Ројтерс пет лица запознаени со процесот. Санкциите против руската компанија требаше да стапат во целосна сила на 21 ноември, но во петокот, Министерството за финансии на САД издаде неколку лиценци, од кои една им овозможува на компаниите да преговараат со „Лукоил“ за стекнување на нејзините меѓународни средства до 13 декември.

Според извори на Ројтерс, „Шеврон“ размислува за стекнување на средства на „Лукоил“ во области каде што нивните интереси се преклопуваат, а не во целото нејзино меѓународно портфолио. Тоа може да значи дека „Шеврон“ можеби нема да биде заинтересирана за купување на синџири бензински пумпи во одделни држави, како што е случајот со македонија „Лукоил“ во нашата земја има 40 бензински пумпи и вработените се во цнеизвесност каква ќе биде нивната судбина. Американската компанија ѝ кажа на агенцијата дека ги почитува сите закони и прописи што се однесуваат на нејзините активности и не коментира за комерцијални прашања.

Откако САД ја отфрлија понудата на трговецот со нафта „Гунвор“ да ја стекне целата странска дивизија на „Лукоил“, потенцијалните купувачи почнаа да ги разгледуваат нејзините средства. Минатата недела беше објавено дека фирмата за приватен капитал „Карлајл“ ја истражува можноста за стекнување на некои од нив. Џеф Кари, кој со години беше директор за истражување на пазарот на стоки во „Голдман Сакс“, со години е нејзин директор за енергетска стратегија.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести