Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американскиот крал на јагленот го обвини Tesla за измама

Американскиот крал на јагленот го обвини Tesla за измама

Роберт Муреј, главниот директор на гигантот за експлоатација на јаглен „Муреј Енерџи Корп“ го обвини производителот на електрични возила Tesla за измама бидејќи годишно добива 2 милијарди долари државни субвенции за подобрување на животната средина, а во исто време компанијата не успеала да оствари никаков профит.


Елон Маск, основачот на Tesla, веднаш возврати на нападот велејќи дека неговата компанија добива трошки за електрични возила во споредба со компаниите кои експлоатираат јаглен за електрична енергија и му порача на Муреј и двајцата да се откажат од државните субвенции па да се спореди кој ќе биде поуспешен.

Маск исто така го обвини Муреј дека го негира влијанието на климатските промени, дека ја загадува животната средина и води лоша политика со поддршката за опасниот кандидат за претседател Доналд Трамп.


Слично

Поврзани вести