Американскиот долар ги враќа позициите
Доларот поскапе во однос на кошницата од валути како последица на раст на продуктивноста и фабричките нарачки во САД.
Тој се зголеми за 0,40% во однос на другите валути. Тоа се случи и покрај драстичното зголемување на трговскиот дефицит на САД со близу 18%, што се очекува да наштети на растот на американската економија. Дефицитот во земјата е зголемен до 42.6 милијарди долари, иако прогнозите на аналитичарите беа за дефицит од 42.1 милијарди. долари. Главната причина за дефицитот е намалувањето на извозот за 1,8% и соодветно зголемувањето на увозот од 1,3% во земјата. Сепак продуктивноста во САД порасна во третиот квартал со 3,1% на годишна основа, а фабричките нарачки во октомври се зголемија за 2,7% при очекувани 2.6%.
Еврото беше валута која отстапи најмногу кон американската валута со 0,43% до 1.0718 долари. Тоа се должеше на очекуваното зголемување на индустриското производство во Германија. Производство во земјата се зголеми за 0,3%, иако очекувањата на пазарните аналитичари беа за раст од 0,8%, што во крајна линија ги разочара инвеститорите.
