Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американскиот Џокер доби 12 доживотни казни затвор

Американскиот Џокер доби 12 доживотни казни затвор

Масовниот убиец Џејмс Холмс е осуден на 12 доживотни казни затвор или вкупно 3 318 години затвор.

Тој пред три години во киносала во Денвер, уби 12 лица, а 70 повреди за време на проекцијата на филмот „Бетмен“.

Судијата, Карлос Самур изрекувајќи ја пресудата изјавил дека душевната болест не може да поништи такво зло и обвинетиот не заслужил милостина.

Тој рече дека бројни докази покажале дека значајниот дел од неговиот карактер бил воден од „бес, омраза, одмазда и други зла“.

Американскиот ,,Џокер", како што сам се нарекуваше, упаднал во киносалата за време на проекцијата на филмот ,,Бетмен" и пукал со полуавтоматско оружје и пиштоли, додека на слушалки слушал техно музика.

Слично

Поврзани вести