Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американскиот амбасадор во Атина ги „омекнува“ Независни Грци

Американскиот амбасадор во Атина ги „омекнува“ Независни Грци

Американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат се сретна со лидерите на националистичката партија „Независни Грци“ пред утрешниот протест во Атина и со нив разговарал за процесот на наоѓање решение меѓу двете соседни земји.

Постои јасна можност и тоа е пораката од Нимиц и од Скопје и од Атина, вели американскиот амбасадор за грчката телевизија Антена. Запрашан дали предвидува затворање на прашањето за името пред НАТО Самитот, Пјат за Антена одговорил дека нема да даде никакво предвидување, но САД ги поддржуваат напорите на Нимиц.

Амбасадорот на САД во Атина, јавува дописникот на МИА од Атина, вчера оствари средби со министерот за одбрана Панос Каменос и со вицепремиерот Јанис Драгасакис.

На средбата со Драгасакис, станало збор за економијата, но и за прашањето за името.

– Драгасакис истакна дека Грција, како столб на стабилност во поширокиот регион, се залага за меѓубалканска соработка. Потенцираше, исто така, дека во напорите за решавање на нерешените прашања, како она со спорот со ПЈРМ, врз база на едно заемно прифатливо решение, ќе се придонесе во искористување на важната можност за спроведување на еден балкански план за развој за стабилноста и надградбата на позицијата на регионот во целина, во Европа и во светот, соопштуваат од кабинетот на заменикот претседател на владата на Грција, пренесува МИА.


Слично

Поврзани вести