Американски разузнавачи предупредуваат на воен конфликт на Балканот
Западен Балкан останува потенцијален регион за насилство, проценува Американската разузнавачка агенција.
„Западен Балкан, речиси сигурно, ќе биде под одреден ризик од насилство на ниско ниво и можен отворен воен конфликт во текот на 2019 година“, наведуваат оттаму. Во извештајот на американските разузнавачи како потенцијална закана за САД, но и за Балканот очекувано се најде и Русија. За безбедносната ситуација во Европа се издвојуваат три проблематични прашања – Западен Балкан, Турција и излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Во документот за 2019-та, како најголема закана за САД и за глобалната безбедност се најдоа Северна Кореја, Иран и Кина, како и конфликтните региони на Блискиот Исток.
Слично
