Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aмерикански полковник во пензија вели дека згрешиле за Косово и дека ги натерале Србите да живеат под албански режим

Aмерикански полковник во пензија вели дека згрешиле за Косово и дека ги натерале Србите да живеат под албански режим

Aмериканскиот полковник во пензија, Даглас Мекгрегор од денешна перспектива вели дека згрешиле што не дозволиле поделба на Косово. 

Објаснува дека во тоа време, Германците сакале да инвестираат стотици милиони марки за финансирање нови куќи и населби и за обнова на градовите за Србите и Албанците. 

„Но, ние Американците се вклучивме и кажавме не“, рече Мекгрегор.

Според него, аргументот на Американците бил дека ова е почеток на нова Европа во која секој ќе биде принуден да живее со некого со кого не сака да живее.

„Така создадовме нешто што е неодржливо и ги принудивме Србите да живеат под албанскиот режим, што тие не го сакаа. Сега гледаме некаков воен конфликт, бидејќи српската војска сигурно нема да чека со скрстени раце“, кажа тој. 

Вели дека можноста за приклучување кон Србија на северот на Косово, каде што Србите живеат во мнозинство, се разгледува во Рамбује и дека идејата е одобрена од Франција и Германија, но САД го отфрлиле планот. 

На Косово неодамна имаше тензии, поради регистарските таблички на возилата, но и поради упадот на РОСУ на северот на Косово, за што косовските власти велеа дека тоа е акција против криминалот. 

Слично

Поврзани вести