Американски граѓани инвестираат во соседството, имаат добра причина
Се зголемува бројот на Американци кои инвестираат во Грција.
Бројот на американски граѓани кои инвестираат во грчки недвижности преку програмата „златна виза“ се зголемил за 40 проценти на годишно ниво во третиот квартал од 2025 година, според податоците кои денеска ги објави адвокатската канцеларија Варнавас.
Зголемувањето на интересот доаѓа и покрај заострувањето на условите од 2024 година, кога минималната инвестиција беше зголемена на 800.000 евра за купување недвижности во Атина, Солун и поголемите острови, додека во остатокот од земјата ограничувањето сега е 400.000 евра, објавува Екатимерини.
Сè повеќе американски инвеститори ја користат инвестициската опција од 250.000 евра – купување на комерцијален имот, како што е индустриска зграда, која потоа се претвора во станбен простор. Инвеститорите на овој начин можат да го остварат и своето право на „златна виза“ во Грција.
Kaко што објави канцеларијата на Варнавас, инвестициите од американски граѓани честопати надминуваат еден милион евра, а јужниот брег на Атина и пристаништето Пиреја се сè уште најбараните локации.
foto Wikipedia/Andrzej Otrębski
