Американски „Боинг“ паѓа, „Делта ерлајнз“ со двојно повисок профит
Американскиот производител на авиони и аеронаутичка опрема Боинг, соопшти дека во третиот квартал забележал профит понизок во однос на истиот период лани. И покрај тоа се одлучи дополнително да ја зголеми прогнозата за цела 2012 година.
Во соопштението од компанијата се наведува дека нето профитот е намален за 6 проценти на годишно ниво, односно на 1,03 милијарди долари. Од друга страна пак, заработката по акција изнесуваше 1,35 долари, што ги надмина очекувањата на аналитичарите. Истовремено американскиот авионски превозник „Делта ерлајнз“, соопшти дека во третиот квартал двојно го зголеми профитот, главно благодарение на намалените трошоци за гориво. Вториот по големина авионски превозник во светот, заработи 1,05 милијарди долари, или 1,23 долари по акција, во третиот квартал што е голема разлика во споредба со ланските 549 милиони долари, или 65 центи по акција.
Слично
