Американски бизнисмен советува како да се заштедат пари
Американскиот бизнисмен Дејвид Бах во својата книга „Автоматски милионер“ советува како да се заштедат пари.
Тој нуди совети за луѓето кои сакаат да го зголемат своето богатство.
Овој 49 годишен човек вели дека клучот е во една работа која луѓето не ј практикуваат кога платата ќе им легне на сметката.
Бах раскажува дека повеќето луѓе ги плаќаат сите сметки кои ги имаат.
Наместо тоа, Бах секој месец издвојувал одреден износ настрана, па потоа ги плаќал сметките.
Почнал со 1% од својата месечна заработка, а кога веќе почнал тоа да го практикува, по некое време тргал настрана и по 20%.
Во наши услови се проценува дека на ваков начин секој граѓанин може да заштеди барем 50.000 денари годишно.
Слично
