Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американската „Гентерм“ освен во Прилеп, прави план да се прошири во Скопје: Мицкоски вели дека ова е двигател на македонската економија

Американската „Гентерм“ освен во Прилеп, прави план да се прошири во Скопје: Мицкоски вели дека ова е двигател на македонската економија

Американската компанија „Гентерм“ освен во Прилеп, започнува со план за проширување и во Скопје, кажа на прес конференција премиерот Христијан Мицкоски.

„Македонија стана сигурна дестинација за долгорочно стратешки технолошки напредни инвестиции. Инвестицијата ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра со број до 300 вработувања“, кажа Мицкоски.

Тој посочи дека ќе се работи со нова технологишка опрема, автоматизирани линии и современо произвоство, што според него, значително ќе го зголеми извозот.

Премиерот посочи дека ова високо технолошко производство што покажува дека Македонија е конкурентна на тој пазар.

„Ова не е само уште една инвестиција. Ова е двигател на нашата економија. Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвораат нови работни места и се зголемува извозот, а со тоа расте довербата во нашето производство“, посочи Мицкоски.


Слично

Поврзани вести