Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американска автомобилска компанија отвора погон во Македонија

Американска автомобилска компанија отвора погон во Македонија

Менаџментот на американската автомобилска компанија Амфенол се одлучил да отвори трета фабрика во Македонија.

Станува збор за уште една браунфилд-инвестиција на истата компанија, која ќе биде лоцарана во Кочани, и во која ќе бидат вработени 550 лица до крајот на годината.

Понатаму се очекува во фабриката да се отворат вкупно 1 300 работни мести.

Ова денеска го најави претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој рече дека изградбата на новиот погон треба да биде завршена до средината на ова лето.

Новата фабрика ќе биде наменета за производство на сигнални кабли кои наоѓаат примена во автомобилската индустрија.

Инаку се работи за глобалн корпорација која е меѓу 500 Fortune најголеми компании во светот со широка палета на производи пред се од областа на автомобилската и телекомуникациската индустрија.

Слично

Поврзани вести