Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американска амбасада: Уставниот суд дејствуваше без преседан

Американска амбасада: Уставниот суд дејствуваше без преседан
Брзината со која Уставниот суд дејствуваше и нетранспарентното разгледување беа без преседан, се вели во реакцијата на американската амбасада по вчерашната одлука со која се дозволува амнестирање на изборен криминал, педофилија и други кривични дела. „Институциите градат доверба преку транспарентност и придржување кон утврдените процедури. Се чини дека судот постапува спротивно на своите процедури. Со цел да ги адресираат забелешките од Извештајот на Прибе во врска со изборните нерегуларности и за да се оддржат „слободни и фер избори, во согласност со европските стандарди”, како што е предвидено во договорот од Пржино, институциите на Македонија мора да покажат посветеност на тие стандарди, како и сериозност во врска со спречувањето, откривањето и казнувањето на изборните измами, при такви појави“- стои во реакцијата. Од амбасадата велат дека ова не помага во градење на граѓанска доверба во системот.
Слично

Поврзани вести