Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американците не сакаат да слушнат за Голема Албанија или Голема Србија

Американците не сакаат да слушнат за Голема Албанија или Голема Србија

Aмериканците упатија порака до Србите и косовските Албанци. Велат дека разговорите за големи држави се предавство и неуспех. 

Амбасадорот на САД на Косово Филип Коснет изјави дека нивните војници не гинеле за да се создаваат Голема Србија или Голема Албанија. Вели дека е гневен поради тоа што луѓето на Косово „се откажале од косовското државјанство“ кога ги прашале за националистичките изјави на косовските политичари за придружување на Албанија.

„Мојот коментар за придружувањето кон Албанија е непроменет. Американските војници не се бореа, ниту пак гинеа, за да се создадат Голема Албанија и Голема Србија на Балканот. Би сакал да го свртам вниманието на уставот кој повикува на мултиетничко општество со верска слобода за сите. САД се мултиетничка земја и дури и по речиси 250 години и понатаму се бориме за изградба на општество во кое постои еднаквост пред законот, еднакви можности за сите, во кое етничките групи и раси живеат во хармонија“, кажа тој.

Амбасадорот вели дека не сака да види како луѓето на Косово се откажуваат од создавање демократска мултиетничка заедница. 

ЕК претходно изрази несогласување со поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој  изјави дека доколку на Косово не му се овозможи напредок кон членството во ЕУ, НАТО и ОН, ќе биде организиран референдум за обединување на таканаречена „голема Албанија“.

Пропагандата на големоалбанската идеологија е политичка уцена и закана за територијалниот интегритет на балканските држави, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Слично

Поврзани вести