Американците го преземаат најголемото нафтено поле во Ирак од Русите
Американскиот енергетски гигант „Шеврон“ денеска потпиша прелиминарни договори за евентуално преземање на проектот за нафтеното поле „Западна Курна 2“ во Ирак, со кој моментално управува рускиот „Лукоил“.
Договорот овозможува размена на доверливи податоци и започнување ексклузивни преговори со ирачката државна компанија „Басра Оил Компани“ за префрлање на операциите на американската компанија.
„Вест Курна 2“ е второто најголемо нафтено поле во Ирак, со производство од околу 480.000 барели дневно, што е приближно 10 проценти од вкупното производство на земјата.
Полето се наоѓа на околу 65 километри северозападно од Басра и претставува еден од клучните енергетски ресурси во земјата.Според договорот, оперативната контрола привремено би била префрлена од Лукоил на Басра Оил Компани, која потоа би го доделила проектот на „Шеврон“ по завршувањето на преговорите и дефинирањето на новите договорни услови.
Договорот му дава на „Шеврон“ ексклузивно право да преговара една година, објави „Блумберг“.
На крајот од минатата година, Лукоил беше погоден од санкциите на САД, па беше принуден да спроведе реструктуирање на своите меѓународни операции.
Руската компанија претходно се согласи да размисли за продажба на голем дел од своето меѓународно портфолио на инвестициската група Карлајл, но договорот не беше обврзувачки.
Ирак е втор по големина производител на нафта во рамките на картелот ОПЕК и еден од клучните добавувачи на пазарите во Азија и Европа, што го прави овој проект стратешки важен за глобалниот енергетски биланс.
