Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Американ експрес“ осудена за малверзации со картичките

„Американ експрес“ осудена за малверзации со картичките
Американските власти соопштија денеска дека компанијата за пружање финансиска помош „Американ експрес“ е осудена на парична казна од 27,5 милиони долари поради кршење на законите за кредитни картички.Американското Биро за финансиска заштита на потрошувачите нагласи дека „Американ експрес“ исто така мора да плати отштета од 85 милиони долари за 250 илјади клиенти поради илегалните активности кои ги извршил од 2003 до 2012 година. Компанијата за финансиски трансакции е прогласена за виновна поради „непочитување на законот во однос на комерцијализација на поединечни производи и начинот на покривање на долговите“, соопшти американската централна банка Фед. Во откриените малверзации од страна на неколку државни органи за финансиска контрола спроведена е истрага во која е откриено дека „Американ експрес“ ги мамел своите клиенти „од процедуралната фаза на добивање на картичката и одобрување на кредитот преку порамнување на трошоците до исплата на долгот“.
Слично

Поврзани вести