Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКА ПОБАРА, КУРТИ ПОСЛУША: Одложено казнувањето на возачите со српска табличка во Косово

АМЕРИКА ПОБАРА, КУРТИ ПОСЛУША: Одложено казнувањето на возачите со српска табличка во Косово

Одлуката е донесена на барање на Соединетите Американски Држави, а Курти му се заблагодари на американскиот амбасадор Џеф Ховениер за неговата посветеност и ангажман.

- Го прифаќам неговото барање за 48-часовно одложување на изрекувањето глоби за незаконски КМ (и други) автомобилски таблички. Среќен сум што ќе работам со САД и ЕУ за да се најде решение во следните два дена - напиша Курти на својот Твитер профил.

Амбасадорот Ховениер објави кратка изјава дека, како што рече, САД се загрижени што лидерите на Косово и Србија не постигнаа договор за решение на актуелната криза на Косово и Метохија.

- Побаравме од владата на Косово да ја одложи имплементацијата за 48 часа и да дозволи ЕУ и САД да се ангажираат во изнаоѓање решение во иднина - изјави тој.

Вчера во Брисел се одржаа преговори меѓу Белград и Приштина, на кои учествуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на привремените институции во Приштина, Аљбин Курти. Иако Вучиќ го прифати предлогот на ЕУ за деескалација на ситуацијата, Курти го отфрли тој предлог на шефот на европската дипломатија Жосеп Борел.


Слично

Поврзани вести