Америка на пат да стане најголем производител на нафта
Цената на нафтата паѓа петта недела по ред откако американското министерство за енергетика ги објави податоците за резервите на сурова нафта во САД. На крајот на тргувањето на Стоковата берза во Њујорк вчера, американската лесна нафта за испораките во декември поевтини за 94 центи или 1,1% и стигна до цена од 85,73 долари за барел. Декемвриските договори за Брент поевтинија за 4о центи и се спуштија на 107,85 долари за барел на берзата во Лондон.
Американското енергетско министерство соопшти дека резервите на нафта во САД минатата недела се зголемиле за околу 6 отсто до 375,1 милиони барели, што е највисоко ниво уште од 20 јули.
Нафтените резерви на САД, исто така, се и најголемите за овој период од годината, откако владата почна да води статистика во 1982 година.
За седмата последователна недела се наведува раст во производството на нафта во САД, откако приносите достигнаа 6,61 милиони барели дневно, што е 17-годишен максимум.
Експертите прогнозираат дека Америка е на пат да стане најголем производител на нафта во светот.
Слично
