Економија, финансии, бизнис

Контакт

Америка има три сценарија за решавање на спорот меѓу Србија и Косово

Америка има три сценарија за решавање на спорот меѓу Србија и Косово

Aмериканците имаат план за српско - косовскиот спор. Се појави нов документ со три американски предлози за Србија.

Во Вашингтон се појави нов документ за решавање на прашањето на односите на Србија и Косово, зад кој стои човек на поранешниот американски претседател Барак Обама, јавуваат српските медиуми.  Има три можности за договор меѓу Белград и Приштина, но се истакнува и дека „ниедна не е идеална“.

Трите предлози за решавање на проблемот со Косово на Америка:

1. Признавање од страна на Србија со создавање нови автономни окрузи за косовските Срби и српските Албанци.

2. Враќање на пристапот на размена на територии кој беше суштината на нацрт договорот предвиден за 2018 година.

3. Во анализата се заклучува дека Европската Унија мора да постигне единствен став во врска со решавањето на косовскиот јазол со мостот на Ибар во Косовска Митровица кој одамна ги раздвојува српскиот и албанскиот дел од градот.

Aмериканците деновиве упатија порака до Србите и косовските Албанци. Велат дека разговорите за големи држави се предавство и неуспех. 

Амбасадорот на САД на Косово Филип Коснет изјави дека нивните војници не гинеле за да се создаваат Голема Србија или Голема Албанија. Вели дека е гневен поради тоа што луѓето на Косово „се откажале од косовското државјанство“ кога ги прашале за националистичките изјави на косовските политичари за придружување на Албанија.

Властите во Србија не планираат да го признаат Косово како независна држава. Тие изминативе години работеа по дипломатски пат да се намали бројот на земји кои го признале Косово. Имаше држави кои го повлекоа признавањето на Косово. 

Слично

Поврзани вести