Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКА Е ВЕЌЕ ВО РЕЦЕСИЈА, НА ЕВРОПА Ѝ Е ПРЕД ВРАТА: Германската економија стагнира, а тоа црвен аларм

АМЕРИКА Е ВЕЌЕ ВО РЕЦЕСИЈА, НА ЕВРОПА Ѝ Е ПРЕД ВРАТА: Германската економија стагнира, а тоа црвен аларм

Светската криза, инфлацијата, покачувањето на каматните стапки, заострувањето на монетарните политики... се сценарија кои не се видени во многу земји четири децении. Откако Европската централна банка и ФЕД ги зголемија каматните стапки минатата недела, сега има се повеќе предупредувања дека светот е на работ на рецесија.

Се вели дека Америка веќе влезе во рецесија, а Европа е на работ. Оценката е дека последиците можат да бидат сериозни и дека ќе трпат не само граѓаните, туку и светските инвеститори, стопанството и светската економија воопшто.

Минатата недела ФЕД ги зголеми каматните стапки за 0,75 процентни поени, втор месец по ред. Во последните 2 месеци, растот на каматните стапки изнесуваше 1,5 отсто, што претставува најагресивно заострување на монетарната политика досега.

Збунувачките економски изгледи предизвикаа распродажба на берзите ширум светот и наведоа некои економисти да предвидат рецесија. Речиси 70 отсто од водечките академски економисти анкетирани од Фајненшл Тајмс минатиот месец предвидуваат дека американската економија ќе западне длабоко во рецесија следната година.

Истовремено, кризата во Европа станува се подлабока. Германската економија не бележи раст, бруто домашниот производ стагнираше во периодот од април до јуни, а тоа е сигнал дека рецесијата е се поблиску.

Економскиот раст во Германија во текот на пролетта практично запре - во вториот квартал бруто домашниот производ (БДП) остана непроменет во однос на првите три месеци од годинава.

„Тешките рамковни услови за светската економија со долгорочната пандемија на корона, нарушените синџири на снабдување, зголемените цени и војната во Украина - сето тоа имаше негативно влијание врз развојот на економијата“, цитира јавниот сервис АРД статистичари од Визбаден.

Ако Русија целосно ги затвори славините за гас кон Европската унија, се заканува рецесија во втората половина на 2022 година, предупреди неодамна европскиот комесар Паоло Џентилони.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги ревидираше надолу своите прогнози за германскиот економски раст за целата 2022 година и сега очекува плус од 1,2 отсто.

Инфлацијата во еврозоната во јули се искачи на рекордно високо ниво од 8,9 отсто.

Европската комисија годинава очекува економски раст од само 2,6 отсто.

ФОТО: EPA/ADI WEDA

Слично

Поврзани вести