Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМБИЦИОЗЕН СТАРТ: Првите обвиненија пред Нова Година!

АМБИЦИОЗЕН СТАРТ: Првите обвиненија пред Нова Година!
Катица Јанева најавува дека првите обвиненија од страна на специјалното обвинителство ќе стасаат после 15 декември. После изборот на речиси целиот тим на Јанева (минус 2) нема никакви пречки новата обвинителка да ги засука ракавите и да почнат со работа. Артан Ајро, Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов, Лиле Стефанова се обвинителите што денеска беа доизбрани. Претходно беа избрани Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев, Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска и Фатиме Фетаи. Со оглед дека буџетот е одобрен, а канцелариите спремни, се очекува дека Јанева ќе почне со материјалниот дел од работата веќе во рок од 7 дена. Како што кажа во планот за работа првата група на обвиненија ќе стасаат меѓу 15 декември и 15 март следната година. Специјалното обвинителство ќе работи најмалку 30 тина предмети, но како што денеска посочи и Јаневски од советот на обвинители оваа бројка е зголемена со нови предмети, бидејќи биле пријавени и нови случаи.  
Слично

Поврзани вести