АМБИЦИОЗЕН ПЛАН: Што планираат производителите на шеќер во Европа?
Следната година производителите на шеќер од Европа ќе ги земат на нишан и пазарите за извоз заедно со задоволување на локалните потреби, откако во 2017 година во ЕУ ќе отпаднат квотите и Унијата ќе воведе целосно слободен пазар во земјоделскиот сектор.
Некои аналитичари веруваат дека извозот ќе се соочи со сериозна конкуренција на најатрактивните пазари на Блискиот Исток и северна Африка, додека некои производители - како на пример италијанските - се загрижени дека ќе претрпат загуби од промената.
Нови пазари ќе треба да се најде внатре и надвор од ЕУ, доколку се очекува производството да се зголеми од сегашните 13,5 милиони тони годишно на 16 милиони. тони, а може да достигне дури количини од 18-19 милиони тони годишно.
Во 2006 година ЕУ започна реформи за зајакнување на конкуренцијата, што принуди 83 фабриката, или 40% од вкупната бројка, да бидат затворени, тврдат од Европската асоцијација на производители на шеќер.
На долг рок производителите треба да бидат способни да преживеат при ниски цени.
Многу производители не се откажале во Европа, особено оние во Франција и Германија, но има и такви во Полска и Велика Британија.
