Амбасадорската петорка го „искара” Груевски за неисполнетиот договор
Ако не се испочитуваат обврските од договорот од Пржино, тоа ќе се одрази врз оценката од Европската комисија за Македонија, а за тоа најголема одговорност ќе има шефот на Владата.
Ова е заедничката порака што попладнево ја упатија амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Мисијата на ЕУ во земјава.
„Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да ја покаже потребната посветеност и да го спроведе договорот на конструктивен и итен начин и со добра намера. Го повикуваме премиерот Груевски да го овласти неговиот тим да го финализира договорот во делот на неисполнетите обврски од договорт од Пржино и да се имплементираат неопходните реформи брзо, за да се обезбеди терен за кредибилни избори кои ќе бидат признаени и дома и на меѓународен план, како и преземање одговорност за евентуалните незаконски дејствија“ – речеЧарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија во РМ.
Западните делегати им порачаа на политичарите да работат во интерес на државата и итно да ги спроведат договорените мерки.
Тие побараа од СДСМ, да го исполнат нивниот дел од политичкиот договор и да не објавуваат нови т.н бомби.
Договорот од Пржино од минатиот понеделник е на стаклени нозе. Партиите не можат да се согласат околу комплетирањето на составот на специјалната обвинителка, а нема договор ниту за надлежностите на новите министри од СДСМ ниту за законот за бомбите.
Ако преговорите пропаднат, на Македонија и се заканува меѓународна изолација, како што се случи со Белорусија.
Ванхауте рече дека ако договорот пропадне, Македонија ќе се соочи со меѓународи санкции и изолација, и најверојатно ќе ја изгуби и препораката за почнување преговори за членство во ЕУ.
