Амбасадорот Волерс во „Фени индустри”
Денеска американскиот амбасадор Пол Волерс беше во посета на комбинатот за фероникел „Фени индустри” во Кавадарци. Заедно со стручниот тим од топилницата тој го разгледа процесот на работа во објектот и изрази задоволство од резултатите на компанијата.
„Фабрика како „Фени” е добар пример за тоа како странските инвестиции може да ја зајакнат економијата и да создадат работни места, како и да создадат подобар живот за луѓето, изјави Волерс.Генералниот директор на „Фени индустри” Константинос Даскалакис посли дека „Фени” е голем фактор во македонската економија.
„Дури и во овие тешки времиња успеваме да работиме со полн капацитет и овозможуваме вработувања за луѓето“, истакна Даскалакис.
Слично
