АМБАСАДОРИТЕ ЈА ПРАТИЈА ПОСЛЕДНАТА ПОРАКА: Се чека на партиите!
Пред малку амбасадорите ја испратија последната порака до власта и опозицијата барајќи и од едните и од другите имплементација на договореното.
Тие ги повикаа партиите да ги стават интересите на земјата на прво место и да ја потврдат својата посветеност на евроатланстките процеси.
Порачаа сите партии да постапат со добра волја и да ја обноват посветеноста кон договорот и да делуваат според мерките за кои се согласиле со апсолутна итност која ја налага ситуацијата, а неуспехот од тоа ќе влијае на оценката на комисијата.
Во името на САД, Германија, Италија, Велика Британија, Франција и ЕУ, амбасадорите го повикаа премиерот Груевски да му наложи на својот тим да го финализира договорот на нерешените прашања и да ги спроведе неопходните реформи брзо.
СДСМ пак ги поттикнаа да ги сиполнуваат своите обврски кои произлегуваат од договорот вклучувајќи ја и обврската да не објавуваат нови прислушувани материјали.
Политичарите денеска се воздржани, не коментираат ништо во последниот ден кога извештајот за напредокот на Македонија се затвора.
До каде е договорот од Пржино?
Партиите не можат да се согласат околу комплетирањето на составот на специјалната обвинителка, а нема договор ниту за надлежностите на новите министри од СДСМ ниту за законот за бомбите.
Главен проблем се и ингеренциите на министерот за внатрешни работи. Тој треба да биде избран на предлог на СДСМ одобрен од другите партии.
За овие прашања нема компромис,а ниту пак време за тоа. И последната полноќна средба во петокот помина без никаков договор.
Меѓународните претставници веќе ги „искараа” нашите политичари и велат дека се разочарани од текот на преговорите.
Посредникот Питер Ванхауте рече дека ако до почетокот на номеври не се постигне договор, тогаш прашање е дали ќе има избори во април. Тоа ќе значи дека договорот од Пржино „ќе падне во вода”, нешто што скапо ќе ја чини Македонија.
На државата и се заканува меѓународна изолација, како што се случи со Белорусија.
анхауте рече дека ако преговорите се прогласат за пропаднати, Македонија ќе се соочи со меѓународи санкции и изолација, и најверојатно ќе ја изгуби и препораката за почнување преговори за членство во ЕУ.
За кршењето на договорот ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат меѓусебно.
СДСМ ја обвини владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски за опструкција на преговорите. Од партијата велат дека договорот беше прекршен во моментот кога не беше комплетиран составот на специјалната јавна обвинителка.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека СДСМ излегува со нови барања и дека треба договорот да се почитува онака како што е потпишан, а директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Котески денеска истакна дека преговорите се живи и во тек.
Дали договорот од Пржино ќе се испочитува или ќе се прогласи за неуспешен, најверојатно ќе се знае денес бидејќи , како што споменавме Европската комисија треба да го затвори извештајот за напредокот на земјава.
